Вардар утре ќе го дознае противникот во полуфиналето

0

Ракометарите на Вардар утре ќе го дознаат противникот за полуфиналниот меч од Ф4 турнирот во Келн. Третото учество во низа на Ф4 во Лигата на шампионите „вардарци“ го потврдија синоќа во Сегедин, откако во четвртфиналето го елиминираа Пик Сегед.

Ждрепката за полуфиналните двојки е закажана утре во 11 часот. „Црвено-црните“ момци се во друштво на Барселона, Веспрем на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков и Киелце, а со оглед на тоа дека сите противници во ждрепката се во еден сад, секој од нив е и потенцијален противник на Вардар.

Интересно е што сите четири екипи се дел од групата „А“, па Вардар сезонава со сите нив имаше меѓусебни пресметки.

Share.

Leave A Reply