Вардар вечерва по фудбалска историја, за себе и Македонија

0

Никогаш ниту една екипа од Македонија не била толку близу од пласман во групна фаза во натпреварување под капата на УЕФА. Овој пат Вардар ја имаа таа шанса за пласман во второто по ранг натпреварување – Лига Европа на УЕФА.

Фудбалерите на нашиот шампион не успеаја во својата прва цел, да го елиминираат ФК Копенхаген и да се пласираат во Лигата на шампионите, но откако го одиграа првиот меч со Фенербахче и победија со 2:0 сега имаат и право и мотив да се надеваат на пласман во Лига Европа. Главниот проблем за Вардар на оваа средба ќе биде тоа што нема да може да сметаат на својот капитен Бобан Грнчаров кој доби два жолти картони на првата средба и беше исклучен, па ќе мора да го пропшти овој натпревар иако е со екипата во Истанбул за да им даде поддршка на своите соиграчи. Неговото место најверојатно ќе го завземе Дарко Велковски кој немаше многу настпи во изминатиот месец поради повредата која ја доби на ЕП во Полска.

Тимскиот дух и самиот факт дека ова е историска шанса треба да бидат главниот мотив за играчите на Вардар за вчерашниот натпревар кој започнува во 19.30 часот.

Денес на денот на натпреварот во Истанбул пристигна и првиот човек на нашиот шампион, сопственикот Сергеј Самсоненко кој дојде да ги бодри своите фудбалер во обидот да испишат историја за својот клуб , но и за Македонија.Тој по пристигнувањето во хотелот каде што се сместени фудбалерите има средба со играчите, но и со новиот тренер Чедомир Јаневски и извршниот директор Самоил Симев.

Фудбалерите и струшниот штаб го искористија слободното време во претпладневните часови за прошетка на кејот на Босфорот во релаксирана атмосфера.

Share.

Leave A Reply