Вардар во ЛШ, Е. Пелистер и Металург во Лигата на Европа

0

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија на денешната седница донесе одлука во однос на распределбата на местата на клубовите во Европа. Во предвид се земени минатогодишните резултати,а очекувано Вардар ќе игра во Лигата на шампионите , додека вајлд-карта за истото натпреварување ќе бара Е. Пелистер. Доколку битолчани не добијат шанса за настап во најсилното натпреварување тие ќе се натпреваруваат во Лигата на  Европа.

Металург ќе игра во Лигата на Европа, како и Бутел Скопје кој ќе мора да почне од квалификациите. И Тинекс Пролет и Охрид ќе добијат шанса доколку се имаат интерес за Лига на Европа, а ќе аплицираат за квалификации.

Share.

Leave A Reply