Вардар заминува за Флензбург на прва рунда до Ф4

0

Ракометарите на Вардар денеска заминуваат за Германија каде в сабота против Флензбург ќе го одиграат првиот меч од 1/4-финалето на Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ имаат огромна желба, конечно, да се изборат за место во најдобрата четворка, но за тоа ќе им бидат потребни две перфектни партии против германскиот ривал.

На прес-конференцијата пред заминувањето, управата, тренерот и играчите најавија дека за конечниот исход на пресметката ќе биде особено важно првото гостување каде Вардар ќе оди на победа. Потоа на реваншот во Скопје ќе се обидат само да го потврдат пласманот на финалниот турнир во Келн.

Од управата на Вардар најавија дека има најави за некои нечесни игри во пресрет на двомечот со Флензбург, но искрено се надеваат дека судењето и на двата меча ќе биде фер и коректно. Словенците Крстиќ и Љубиќ се делегирани за судии на првиот меч в сабота, додека во Скопје ќе судат Данците Гјединг и Хансен.

Share.

Leave A Reply