Вардарци чекорат според планот

0

Ракометарите на Вардар со денешната победа против Загреб со 32 спрема 30 го потврдија пламсанот во втората фаза елиминации во Лигата на шампионите.

Минатата сабота „црвено-црните“ славеа во хрватската престолнина со 27-18 додека  вечерва во СЦ „Јане Сандански“ четата на Роберто Гарсија Парондо, уште  еднаш потврди дека има поголем квалитет од противникот. Чупиќ со 9 голови беше најрасположен кај Вардар, кај Загреб 11 погодоци даде искусниот Хорват.

Нашиот тим во 1 /4 финалето  ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу ПИК Сегед и Висла Плоцк. Во првиот меч Унгарците победија со 22 спрема 20 а реваншот ќе биде утре на нивниот терен.

Share.

Leave A Reply