Вардарци добија „полесна“ група

0

Македонските ракометни екипи, Вардар и Еурофарм Работник, денеска ги дознаа противниците во групната фаза во новата сезона во регионалната СЕХА лига.

Вардар кој е бранител на трофејот и воедно актуелен европски првак, ќе игра  против: Нексе, Татран Прешов, Војводина, Татабања и Мотор. Битолчани кои ќе дебитираат во СЕХА конкуренцијата ќе бидат во групата со ППД Загреб, Мешков Брест, Металопластика, Веспрем и Пекинг Спорт Универзити.

Лигата ќе стартува на 3. или 4. септември и прв пат ќе се реалзира во две групи со по шест екипи.

 

Share.

Leave A Reply