Капитените на десетте екипи кои се дел од осмата сезона од СЕХА-лигата ги избраа најдобрите седум во регуларниот дел од сезоната. Покрај „идеалната седумка“ избраа и МВП, како и најдобар дефанзивен играч и тренер.
Најбројни во составот на сезоната се ракометарите на Вардар и тоа Дејан Милосављев е најдобар голман, Тимур Дибиров е најдобар на левата крилна позиција, Игор Карачиќ е главен кај средбите бекови, додека Даинис Кристипанс е најдобриот десен бек.
Голман: Дејан Милосављев (Вардар)
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек: Петар Ѓорѓиќ (Мешков Брест)
Среден бек: Игор Карачиќ (Вардар)
Десен бек: Даини Кристопанс (Вардар)
Десно крило: Златко Хорват (ППД Загреб)
Пикер: Марин Сипиќ (Нексе)
Тренер: Маноло Каденас (Мешков Брест)
МВП: Златко Хорват (ППД Загреб)
Дефанзивен играч: Павел Хорак (Мешков Брест)