Вардарци ги чека тешко гостување во Унгарија

0

Ракометарите на Вардар во улога на европски шампиони денеска ќе се појават на теренот на Сегед во рамките на 4 коло во групната фаза во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ со трите победи против Висла, Нант и Загреб,  се надеваат дека и на гостувањето во Унгарија кај Сегед ќе ја продолжат одличната серија. Избраниците на тренерот, Раул Гонзалез, се први на табелата со максимален ефект.

Сегед по стартниот пораз од Нант на гости, врза две победи и тоа против Загреб на гостински терен и против Кристијанштад пред своите навивачи.Средбата меѓу Сегед и Вардар ќе започне во 17.30 часот.

Share.

Leave A Reply