Вардарци иако немаат мотив, ќе одиграат за боите на клубот

0

Ракометарите на Вардар кои го имаат обезбедно првото место во групата „Б“ в пресрет на последното коло во Лигата на шампионите, в недела од 17.30 ч. во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречекаат составот на Кристијанштад

„Немаме  притисок  и мислам дека треба да одиграме добар натпревар.  За гостите мечот е многу значаен. Имаат добар голман, брз напад, треба брзо да се враќаме во одбраната. Очекувам да завршиме со победа“ – истакна тренерот на Вардар, Раул Гонзалес. Капитенот , Стојанче Стоилов, потенцира дека Вардар има обврска и пред себе и пред навивачите победнички да ја затвори групната фаза.

„Први сме во групата без разлика на се. Професионалци сме и должни сме самите кон себе а и кон навивачите да завршиме со победа. Чекаме да видиме кој ќе ни биде противник. Има повеќе опции“ – рече Стоилов. Вардарци како најдобри во групата ќе одмораат во 1/8 финалето а потоа ќе ги очекува последниот филтер пред завршниот Ф4 турнир во Келн.

Share.

Leave A Reply