Ракометарите на Вардар останаа без бодови по денешниот меч Веспрем во групната фаза во Лигата на шампионите иако на полувремето има предност од 16:11 а во еден дел од мечот дојдоа и до плус шест. Гостите од Унгарија славеа со 29 спрема 27 благодарение на подобрата игра во вториот дел и во миговите кога се решаваше победникот.
Стоилов постигна погодок за 27-28 на една минута до крајот а гостинскиот играч Терзиќ заработи исклучување. „Црвено-црните“ иако имаа човек плус на теренот не успеаа да го запрат нападот на гостите кои со голот на ветеранот Наѓ дојдоа до победа – 29 спрема 27. Во нашиот тим Дисингер постигна пет голови сите во првото полувреме а по четири запишаа Стоилов, Криштопанс и Скубе. Голманот Милосављев имаше 13 одбрани. Кај Веспрем во поглед на реализација се издвоија Лекаи со седум и Наѓ со шест погодоци.
Вардар во наредното коло на 23 февруари ќе гостува на теренот на Крситијанштад. Нашиот тим во моментов ја има третата позиција во групата зад лидерот Барселона и екипата на Веспрем.