Вардарци ја продолжија традицијата против Фленсбург

0

Ракометарите на Вардар го совладаа Фленсбург во СЦ Јане Сандански со 31:26 и ги освоија првите бодови во новата сезона во Лигата на шампионите.

Стојанче Стоилов одигра одличен меч со осум голови додека Дисингер и Јотиќ постигнаа по четири. Треба да се одбележи и играта на крилата,  Дибиров и Чупиќ, кои го завршија дуелот со по три гола. Кај гостите од Германија кои по трите победи го претрпеа првиот пораз во групната фаза, се издвоија Јохансен со 7 голови и Јондал со 4.

„Црвено-црните“ во наредното коло ќе играат повторно на домашен терен и тоа против екипата на Порто која денеска славеше против Сегед со 25:19. Во третиот меч во нашата група ПСЖ излезе лесно на крај против Елверум и триумфираше со 35:29.

Share.

Leave A Reply