Вардарци ќе го нападнат Кил во пеколна атмосфера

0

Ракометарите на Вардар денеска од 17.30 часот во СЦ Јане Сандански“ ќе го имаат првиот сериозен испит во новата сезона во Лигата на шампионите.

Избраниците на Давид Писонеро, во рамките на 4 коло ќе излезат на мегдан со Германскиот состав Кил кој пред извесен период успеа да ги совлада „црвено-црните“ на интернационалниот Супер Глоуб турнир. Добра за вест за нашиот и воедно европски шампион е враќањето на капитенот, Стојанче Стоилов, кој по рехабилитацијата од оперативниот зафат  ќе го одигра првиот сезонски меч.

Вардар  е лидер во групата „Б“ со максимални 6 бодови пред Германците кои имаат 5. Натаму се наредени: Монпелје и Порто со по 4 бодови, Киелце има три а Веспрем 2 бода. На дното се Мешков Брест и Мотор Запорожје без бодови.

Share.

Leave A Reply