Вардарци ќе имаат голема поддршка од трибините

0

Повеќе од 4000 влезници се продадени за утрешниот реванш меч меѓу Вардар и Малме кој ќе биде реализиран на стадионот „Младост“ во Струмица во рамките на 2. квалификациско коло во Лигата на фудбалските шампиони.

Натпреварот на југот на земјава ќе започне од 18.00 часот а „црвено-црните“ ќе влезат со позитивен резултат откако на првиот меч во Шведска одиграа 1 спрема 1.

Дуелот ќе го води Украинецот Анатолиј Жабченко а ќе му помагаат сонародниците, Александар Војток и Сергеј Бекер. Средбата меѓу Вардар и Мелме ќе може да се следи и на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.

Share.

Leave A Reply