Нашиот Вардар, хрватските ППД Загреб и Нексе и тимот на Мешков Брест од 2 до 4 април во Белорусија, ќе се борат за победничкиот пехар во СЕХА конкуренцијата.
Тоа ќе биде втор пат тимот на Мешков да ја има улогата на домаќин. Вардарци кои ќе бидат во улога на бранители на тронот, ќе се обидат да се израдуваат и на 5-та титула во регионалното натпреварување.
„Мешков е редовен учесник на завршниот турнир на СЕХА и заслужува да биде домаќин на најдобрите ракометари од актуелната сезона. Пресреќни сме што ќе бидеме и дел од милениумската забава на градот Брест“ – изјави Синиша Остоиќ, директор на регионалното натпреварување