Вардарци комплетни ќе го пречекаат Киелце

0

Ракометарите на Вардар в сабота од 17.45 часот против составот на Киелце ќе го одиграат дербито во групата „ Б“ во Лигата на шампионите . Двата тима по досегашните 5. кола имаат по четири победи и по еден пораз и го делат првото место на табелата.Тренерот на „вардарци“, Раул Гонзлес,  очекува публиката да го исполни СЦ Јане Сандански бидејќи гостува европскиот клупски шампион.

„Очекуваме многу добар и квалитетен меч. Знаеме кој е Келце и ако сакаме позитивен резултат тогаш треба да одиграме добро во одбраната. Салата треба да биде полна и максимално да не подржува” изјави Раул шпанскиот стратег.

„Знаеме против кого играме и дека мечот може да реши околу првото место во групата и директен пласман во 1/4 финалето. Едноставно немаме право на грешка во текот на целиот меч ако сакаме да победиме” потенцираше десниот бек на Вардар.

Share.

Leave A Reply