Вардарци на мегдан со стариот ривал

0

Ракометарите на Вардар денеска ќе се појават на теренот на Мешков Брест на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ во комплетен состав ќе се обидат да му парираат на домаќинот кој ќе ја има поддршката од навивачите. Последниот меч на теренот на Белорусите заврши со убедлива победа на Мешков со 31-22.

Ќе потсетиме дека за Мешков ќе настапи Сташ Скубе или екс-играчот на Вардар. Средбата ќе започне во 18. 45 часот. Денеска во групата „А“ ќе се одигра и мечот меѓу Фленсбург и Кјелце.

Share.

Leave A Reply