Ракометарите на Вардар ја освоија петтата тутула во СЕХА ГАЗПРОМ ЛИГАТА откако во финалниот меч во Белорусија го совладаа составот на ППД Загреб со 26 спрема 23.
Најефикасни во таборот на Вардар беа Кристопанс со седум и Дибиров со пет погодоци додека кај ППД Загреб се истакнаа Мраковчиќ со четири и Павлетиќ и Влах со по три гола. Црна дамка на мечот остави повредата на Дисингер за кого сезоната најверојатно е завршена.
Претходно во битката за третата позиција домаќинот на Ф4, Мешков Брест, успеа да слави против хрватскиот Нексе со 24 спрема 19.