„Вардарци“ реални: Веспрем беше многу подобар од нас

0

И покрај промената на тренеската позиција, Вардар одигра уште еден лош натпревар и сосема заслужено беше поразен од Веспрем (39:30). Реални по натпреварот со коментарот за натпреварот беа од екипата на Вардар, а на прес-конференцијата по мечот во Унгарија, не се појави новиот тренер Едуард Кокшаров, туку беше тренерот на голманите, Дејан Периќ.

„Честитки за победата на Веспрем. Беше подобар од нас. Игравме дуел во одлична атмосфера, сигурно е задоволство за секој спортист да се игра во оваа сала. Веспрем тактички беше подобро поставен од нас, а во второто полувреме, иако дојдовме на два гола 21:19, сепак, не успеавме да ги загрозиме. Веспрем беше подобар и во напад и во одбрана и заслужено победи, му посакувам среќа во иднина“, изјави Периќ.

Одлично го почна натпреварот и имаше неколку голови во првиот дел, но подоцна и тој се вклопи во лошата игра на Вардар, Дисингер со свој коментар на средбата со Веспрем.

„Му честитам на Веспрем за оваа победа. Според мене, бевме несреќни во одредени моменти кога се кршеше резултатот. Потоа, се боревме, а во вториот дел не знам што се случи, па Веспрем почна да дава гол за гол и високо се одлепи. Мора да се признае дека Веспрем беше многу подобар тим од нас и нѐ надигра“, изјави Дисингер

Натпреварите во Лигата на шампионите за Вардар продолжуваат во ноември, со домашен натпреват против Мешков Брест.

Share.

Leave A Reply