Вардарци сакаат да се вратат на победничката патека

0

Ракометарите на Вардар по двата врзани пораза во Лигата на шампионите сега се насочуваат кон неделниот дуел со Мешков Брест кој ќе биде одигран во СЦ Јане Сандански со почетокот во 17.00 часот. Тренерот на нашиот тим, Едуард Кокшаров, очекува токму на тој меч да биде прекината лошата серија.

„Знаете дека Мешков Брест е добра екипа .За секоја промена треба повеќе, не може работите да се менуваат преку ноќ.  За Атман и Горпишин денеска ќе добиеме информација дали ќе можат да играат. Столе имаше операција и имаше долго опоравување, потребно е време да влезе во натпреварувачки ритам“ вели тренерот, Кокшаров.

„Тешки два меча во ЛШ, тешки порази, не очекува меч со Брест в недела, имаме многу проблеми со повреди, не се знае кој ќе игра, наше е да излеземе, да се бориме и да победиме“ –изјави капитенот Стојанче Стоилов.

 

Share.

Leave A Reply