Вардарци се загреваат за Фленсбург

0

Ракометарите на Вардар  продолжуваат да се подготвуваат за мечот со Фленсбург во Лигата на шампионите иако еден член на „црвено-црните“ е ставен во изолација откако бил позитивен на ковид-19.

Според последните информации заразениот ракометар се наоѓа во добра здравствена состојба. Вардар в четврток ќе се сретне со Фленсбург во Лигата на шампионите а пред дуелот сите играчи повторно ќе бидат тестирани согласно протоколите на ЕХФ.

За Вардарци мечот со германскиот состав ќе биде само вториот во тековнава сезона во ЛШ откако поради ковид-19 им беа одложени средбите со Елверум и Пик Сегед.

Share.

Leave A Reply