Вардарци загубија и во Русија

0

Фудбалерите на Вардар и по 5. коло во групната фаза на Лига Европа остануваат без бод и заковани на дното на табелата.

„Црвено-црните“ загубија на гостувањето кај фаворитот Зенит со 2 спрема 1, откако одиграа лошо во првиот дел. Тогаш, домаќините обезбедија предност од 2 спрема 0 со головите на  Полоз во 16. Минута и Ригони во 42-тата додека Сјуба не реализираше пенал во 27 минута. Во вториот дел нашите шампиони пружија храбра игра, направија неколку шанси а Блажевски со евро-гол во финишот на мечот само го ублажи поразот.

Русите со 13 бодови остануваат на првото место во групата. Реал Сосиедат по денешната победа кај Розенборг со 1:0 досега собра 12 бодови. Норвежаните останаа на 4 а Вардарци без бод.

Share.

Leave A Reply