„Вардарци“ заминаа за Брест, Кристопанс се враќа во тимот

0

По тешкиот пораз од Киелце, ракометарите на Вардар денеска заминаа за Белорусија на следниот меч од Лигата на шампионите против екипата на Мешков Брест.

„црвено-црните“ во Белорусија ќе бидат посилни за Даинис Кристопанс. Летонецот по пауза од три недели одново се враќа во составот, откако успешно се рехабилитираше по повредата на скочниот зглоб.

Во Скопје единствено остаба Сергеј Горбок кој се уште е повреден. Дуелот меѓу Мешков Брест и Вардар се игра во недела со почеток во 17:30 часот.

Share.

Leave A Reply