Вардарците ги собраа наградите

0

Сојузот на Спортови на Скопје традиционално кон крајот на годината на посебна свеченост им ги врачи наградите на најдобрите во повеќе номинирани категории.

Кај сениорите признанието го доби ракометарот, Стојанче Стоилов а кај младинците каратистот, Петар Заборски. Наградата за најдобар странец ја прими голманот на РК Вардар, Арпад Штербик а за најдобар тренер, предводникот на европскиот ракометен шампион, Раул Гонзалес.

Со оглед на доминацијата на ракометниот дел од „црвено-црното“ семејство, сосема разбирливо признанијата за најдобри клубови во машка и женска конкуренција завршија во витрините на Вардарци.

Share.

Leave A Reply