„Вардарки“ со 5 од 5 во ЛШ

0

Ракометарките на македонскиот првак ЖРК Вардар ја остварија и петтата победа во Лигата на шампионите, откако вторпат сезонава го совлада Ференцварош, овој пат на гости со 29-28. Со новите два бода, македонскиот тим го потврди првото место на табелата во групата „Ц“.

„Вардарки“ беа подобар противник од Унгарките во текот на целиот меч и до крајот успеаја да се одржат во водство. Домашниот тим во вториот дел во неколку наврати се доближуваше до водството на ЖРК Вардар, но а крајот не успеа да се избори за бод.

Пенезиќ со осум погодоци беше најефикасна, Лакрабер и Цвијиќ постигнаа по пет гола, додека Радичевиќ запиша четири.

Share.

Leave A Reply