„Вардарки“ без Лекиќ на гостувањето во Унгарија

0

Ракометарките на Вардар заминаа за Унгарија, каде викендов ги очекува уште еден силен меч со Ференцварош. Во моментов Вардар е лидер во групата со 8 бода од четири натпревари.

Нашиот првак веќе обезбеди место во следната фаза од ЛШ, а во зависност од исходот на овој натпревар ќе се знае и колку бодови ќе пренесе во следната фаза. ФТЦ и Вардар досега имаат одиграно три меѓусебни натпревари во лигата на шампионите. На последниот одигран на почетокот на октомври во Скопје победија „црвено-црните” со 34-31.

На дуел во Унгарија поради повреда со тимот не отпатуваа Андреа Лекиќ и Мирјета Бајрамовска

Share.

Leave A Reply