Вардарки без загубен бод ќе одат во втората фаза

0

Ракометарките на Вардар со максимален ефект шест од шест го затворија првиот дел од групната фаза во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ одиграа уште една блескава партија и го совладаа Туринген со 29 спрема 21 во рамките на групата „Ц“. Нашиот првак во мечот со Германките имаше одредени потешкотии во првиот дел, но, во вториот успеа пред време да го реши победникот откако направи предност од 23:15 и 27:19.

Најдобра ракометарка кај Вардар беше Александра Лакрабер со седум голови пред Јованка Радичевиќ со шест и Полина Кузњецова со пет.ЖРК Вардар во наредната групна фаза ќе однесе максимален број на бодови.

 

Share.

Leave A Reply