Вардарки не ја освоија Лигата на шампионите

0

Ракометарките на Вардар и во петтиот обид не успеаа да го освојат врвот на Европа. Тие денеска во финалето во Будимпешта загубија по продолжение од унгарскиот Ѓер со 27 спрема 26 откако во регуларниот дел мечот заврши 20 спрема 20.

Тоа беше практично последниот меч за „црвено-црните“ во сегашниов состав во евро-конкуренцијата бидејќи од наредната сезона тимот ќе се потпира само на домашните ракометарки .Во крајно изедначен меч во регуларните 60-ет минути ниту еден од тимовите не успеа да се наметне. Одбраните беа посилниот дел а нападот не ја донесе посакуваната предност за двата тима.

Во продолженијата, составот на Ѓер беше посреќен и повешт во решавачките моменти и на крајот го подигна победничкиот пехар.

Share.

Leave A Reply