Вардарки носителки на ждрепката за ЛШ

0

Ракометарките на Вардар, новата сезона во Лигата на шампионите ќе ја почне во октомври, а кој ќе им бидат ривалите во групната фаза ќе стане јасно на 30 јуни во Љубљана, кога е закажана ждрепката за новата сезона. Европските вицешампионки оваа година ќе бидат меѓу носителките на ждрепката, заедно со екипите на Ѓер, Будуќност и ЧСМ Букурешт, кои учествуваа и на годинашниот Ф4.

Со ждрепката треба да се формираат четири групи со по четири екипи. Потенцијалните ривали на Вардар доаѓаат од другите шешири. Од вториот шешир тоа се: Ларвик, Ростов, Никобинг Фалстер (Данска), Мец. Од третиот се Битигхајм, Крим, ФТЦ, Митјиланд, а од четвртиот засега познати се само две екипи, Вистал Гдиња и Брест, додека другите две места ќе бидат познати по одигрувањето на квалификациите.

Share.

Leave A Reply