Вардарки со нов стратег ќе атакуваат на победа против Туринген

0

Претседателката на ЖРК Вардар, Гордана Нацева, пред утрешниот дуел со Турингер во СЦ Јане Сандански (17.30), јавно му се заблагодари на Давид Дејвис за остварените резултати и рекордната серија на победи и го најави ангажманот на новиот стратег, Ирина Дибирова.

„Ирина Дибирова се приклучува во тимот и ќе го сподели со нас големото искуство. Нашата цел е со победа да си ја вратиме самодовербата и во спокој да се подготвиме за завршницата во ЛШ. Амбициите на тимот остануваат  исти. Вардар  сака да оди до самата завршница на лигата на шампионите“ – истакна Гордана Нацева на денешната прес-конференција, Русинката Дибирова, кој му е сопруга на членот на РК Вардар, Тимур Дибиров, очекува поддршка од трибините.

„Ние имаме супер тим, квалитетни ракометарки. Не може премногу да се менува ни треба само поддршка од трибините за да се вратиме во посакуваниот ритам. Имаме план за натпреварот, подготвени сме, треба да прикажеме добра игра“ – истакна Ирина Дибирова. Ракометарките Ања Алтхаус и Амандин Лејно на средбата со новинарите потенцираа, дека Вардар има квалитет да се израдува на триумф на утрешниот меч со Туринген.

 

Share.

Leave A Reply