Вардарки остануваат без пораз во ЛШ

0

Ракометарките на Вардар се прошетаа на теренот на Битигхајм и славеа убедлива победа од 38 спрема 26 во рамките на втората групна фаза во Лигата на шампионите.

Дилемата околу победникот беше решена на стартот на вториот дел кога нашиот тим направи предност од 20-14. Во победничкиот тим се издвои Пенезиќ со 8 погодоци додека Цвијиќ постигна седум. Вардарки имаат 12 бода со што го обезбедија пласманот во наредната фаза.

Во новото коло во текот на наредниот викенд нашиот тим ќе му биде домаќин на Будуќност. Денеска во другите две средби,  Мидтјиланд – ЦСМ Букурешт 26:31 и Мец – Ференцварош 28-25.

Share.

Leave A Reply