Ракометарките на ЖРК Вардар в сабота во Скопје треба да го потврдат пласманот на Ф4 турнирот од Лигата на шампионките. Во реванш средбата со дански Мидтјиланд, „вардарки“ влегуваат со победа од првиот меч и предност од еден гол, што само по себе треба да биде некаква гаранција за пласман во следната фаза.
Избраничките на Ирина Дибирова пред домашната публика треба да го потврдат квалитетот и да се обидат во последната шанса на патот до европскиот врв.
Капитенот на ЖРК Вардар, Јованка Радичевиќ го најави дуелот со многу емоции:
„Дојдовме до самиот крај во Јане Сандански, го играме последниот натпревар во овој состав, во Вардар. Многу е тешко. Оваа екипа заслужува полни трибини и затоа ги очекуваме навивачите, дека ќе ја наполнат салата и ќе ни пружат поддршка. Верувам во својот тим, верувам дека ќе се најдеме во Будимпешта бидејќи таму ни е местото и се надевам дека ќе направиме чекор повеќе“, изјави Црногорката.