„Вардарки“ со променет состав но исти амбиции почнуваат во ЛШ

0

Ракометарките на ЖРК Вардар вечерва против унгарски Ференцварошп ги започнуваат настапите во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион и европски вицепрвак со променет состав во однос на лани има исти амбиции пласман во финалето на завршниот турнир и конечено триумф во финалниот натпревар.

Лани во финалето ЖРК Вардар загуби од унгарски Ѓер 31-30 по продолжението. Дуелот Вардар – ФТЦ е реприза на ланската сезона кога исто така на отворањето двете екипи одиграа нерешено во Скопје 27:27.

Покрај овој дуел во групата „Ц“ играат уште Ларвик и Турингер (сабота).

Share.

Leave A Reply