Вардарки се адаптираат на условите во Будимпешта

0

Ракометарките на Вардар на завршниот Ф4 турнир во Будимпешта во текот на викендот по петти пат ќе се обидат да го освојат победничкиот пехар во Лигата на шампионите.

Нашиот тим од вчера е во Унгарија и во победничко расположение ги одработува завршните подготовки за полуфиналниот меч со Ростов Дон. Европски вице-првак на саботниот меч ќе ја има улогата на фаворит против дебитантот од Русија кој за прв пат ќе има можност да настапи на завршниот фајнал-фор турнир. Нашето крило, Јованка Радичевиќ, предупредува дека противникот има опасен контра-напад.

„Треба да внимаваме на играта на противникот и да бидеме добри во одбраната. Се надевам дека ќе продолжиме со добра игра во нападот. Мислам дека сите сме подготвени да оствариме победа и да одиме во финалето“ – истакна интернационалката во редовите на  „црвено-црните“.

Share.

Leave A Reply