Вардарки се меѓу најдобрите 4 во ЛШ

0

Македонскиот ракометен првак во женска конкуренција, екипата на ЖРК Вардар, обезбеди ново учество на завршниот Фајнал-фор турнир во Лигата на шампионите.

„Вардарки“ денеска во реваншот од 1 /4 финалето во СЦ Јане Сандански го совладаа Митјиланд со 26 спрема 24 и на тој начин обезбедија вкупна победа со 54-50. Во другите одиграни реванши, Букурешт втор пат успеа да победи против Ференцварош сега како гостин со 27:26 додека Будуќност немаше проблеми на гостувањето кај Ларвик и триумфираше со 35 спрема 30.

Романките и Црногорките заедно со ЖРК Вардар ќе патуваа на завршниот Ф4 турнир додека последниот учесник ќе го дознаеме по реваншот во Унгарија меѓу Ѓер и Мец во кој гостинките ќе влезат со еден гол предност.

 

Share.

Leave A Reply