„Вардарки“ свесни за влогот на реваншот со Митјиланд

0

Македонскиот ракометен шампион во женска конкуренција Вардар в сабота во Скопје го очекува реванш натпреварот од ¼-финалето во Лигата на шампионите против даски Митјиланд.

Победата од два гола разлика на првата средба на гости за Вардар е добар патоказ кон Ф4 турнирот, но работата мора да се заврши на домашен терен. „Вардарки“ очекуваат максимална поддршка од трибините против жилавиот противник кој во Скопје ќе дојде да направи изненадување.

„Митјиланд е силна екипа и ќе дојдат подготвени за реванш. Но, ние ќе направиме се за да победиме и да покажеме добра игра пред нашите навивачи и да одиме на Ф4“, изјави на прес-конференцијата стратегот на Вардар, Дибирова.

Оптимисти се и ракометарките. Андреа Пенезиќ вели дека треба да се повтори играта од првиот дел во Данска и да се обезбеди победа за Ф4.

„Сите знаеме колкав е влогот и што ни носи оваа средба. Мислам дека мора да го отвориме мечот како и во Данска, затоа што тие сакаат реванш. Ќе дојдат максимално мотивирани, но ние пред нашите навивачи мора да ја добиеме оваа средба.  Сите знаеме која е нашата цел, а тоа е пласманот на Ф4, кој не смееме да го доведеме во прашање“, вели Пенезиќ.

Share.

Leave A Reply