„Вардарки“ во атак на деветта победа во низа

0

Ракометарките на Вардар попладнево во СЦ „Јане Сандански“ го пречекуваат Будуќност во новото коло од Лигата на шампионите. „Вардарки“ овој пат во мечот влегуваат како фаворитки, откако предеден месец успеаја да го победат големиот ривал на гости во Подгорица со 31:28.

Денеска Вардар тргнува по деветиот триумф во низа и партија со која ќе ги оправда прогнозите дека се главен фаворит за трофејот од Лигата на шампионите.

Во составот за денешниот дуел ќе недостасува само Андреа Човиќ за која сезоната најверојатно е завршена. Натпреварот почнува во 17:30 часот.Судии се Карина Кристијансен и Лине Хансен од Данска.

Share.

Leave A Reply