Вардарки во Подгорица ќе го чекаат името на ривалот за 1/4-финалето

0

Ракометарките на Вардар вечерва во Подгорица ги завршуваат мечевите во групната фаза од Лигата на шампионките. Дербито со Будуќност е без резултатско значење за нашиот првак, кој сигурно како лидер во групата ќе го заврши овој дел од сезоната.

Она што денеска за „вардарки“ е важно, е името на противникот во четврфиналето. Денеска ракометарките на Вардар ќе го добијат името на следниот ривал во нокаут-фазата до Ф4 турнирот во Будумпешта. Сосема извесно е дека тоа ќе биде некој од тимовите од Данска.

Директниот дуел меѓу составите на Митјиланд и Никобинг ќе го даде противникот на „црвено-црните“ на патот кон нов фајнл-фор турнир во Лигата на шампионите. Митјиланд мора да победи доколку сака да се најде во четврт-финалето, додека Никобинг и со реми ќе заврши на 4. место.

Дуелот меѓу Будуќност и Вардар се игра вечерва во салата „Морача“ од 19.30 часот.

Share.

Leave A Reply