Вардарки започнаа со триумф во ЛШ

0

Ракометарките на Вардар ја обезбедија првата победа во новата сезона во Лигата на шампионите откако во СЦ Јане Сандански го совладаа романскиот состав Букурешт со 34 спрема 31.

„Црвено-црните“ од самиот почетокот наметнаа фуриозна игра и експресно обезбедија солидна предност од 18:10 која најави дека бодовите ќе останат во Скопје. Како одминуваше мечот нашите шампионки успеваа да оддржат висока позитива се до самиот финиш кога драстично попуштија и му дозволија на противникот да ја стопи негативата на само три гола за конечни 34 спрема 31.

Во нашиот тим Лекиќ и Цвијиќ реализираа по 7 голови додека Пенезиќ и Лакрабер постигнаа по 6. Вардарки во второто коло ќе одат на теренот на германскиот Турингер кој утре ќе гостува во Норвешка кај Ларвик.

 

Share.

Leave A Reply