Ракометарите на Вардар во текот на викендот славеа убедливо против Мотор Запорожје со 38 спрема 28 во рамките на 12 коло во групата „Б“ во Лигата на шампионите. Вардаровиот среден бек, Сташ Скубе, имаше блескава партија и со осум голови беше еден од најдобрите на теренот.
Токму неговата блескава игра го однесе и во идеалниот тим на колото во изборот на ЕХФ во кој уште влегуваат и: голманот – Андреас Вулф (Кјелце). Лево крило – Уго Деска (Монпелје), лев бек – Жоан Канелјас (ПИК Сегед), десен бек – Алекс Душебаев (Кјелце), десно крило – Мариус Штајнхаузер (Флензбург) и пивотмен – Хенрик Пекелер (Кил).
Крилот пак, на Вардар, Тимур Дибиров, на дуелот со Мотор имаше имаше фантастичен погодок кој според ЕХФ е прогласен за најубав во 12 коло во Лигата на шампионите.