Тренерот на фудбалерите на Челзи, Маурицио Сари, не може да биде задоволен од напаѓачите Алваро Мората и Оливие Жиру и затоа планира да купи нов голгетер во текот на зимскиот преоден рок.
Според медиумите во Англија, негова главна цел е играчот на Лестер, Џејми Варди, кој неодамна потпиша нова соработка со „лисиците“. Се претпоставува дека „сините“ ќе направат обид да го ангажираат Варди на „Стемфорд Бриџ“, но, ќе останат верни на традицијата.
Тие се еден од тимовите во Англија кои не форсираат договори на подолг период со играчи кои имаат повеќе од 30 години. Тоа веројатно ќе биде случај и со Варди кој има 32 години.