Варди се опорави од повредата и ќе игра против ВБА

0

Напаѓачот на Лестер Џејми Варди се опорави целосно од повредата на колковите и ќе биде во составот на својата екипа за натпреварот против Вест Бромвич Албиол во понеделн, соопшти менаџерот Крег Шекспир.

Голгетерот беше повреден на натпреварот кој заврши нерешено 1:1 против Хадерсфилд минатиот месец, но учествуваше во следните два натпревари на Лестер со помош инјекции против болка. Варди не играше за Англија во последните две квалификациски средби за СП 2018 година против Словенија и Литванија.

„Варди се опорави целосно од проблемот со колковите. Тој играше под инјекции и му беше дадено време за одмор. Сакаме да бидеме доследни, без разлика дали играме со најдобрите тимови или оние околу нас. Ќе се фокусираме на претстојната средба со ВБА. Се задриживме за Ндиди, но тоа беа само грчеви и тој веќе тренира”, додаде Крег Шекспир.

Share.

Leave A Reply