Варела го прогласи 12 октомври за неработен

0

Претседателот на Панама, Хуан Карлос Варела, го прогласи 12 октомври за неработен ден во државата откако фудбалската репрезентација обезбеди место на Мундијалот во Русија.

Панама за прв пат во историјата ќе учествува на Светско првенство откако ноќеска во драматичен дуел во последното елиминациско коло во зоната на Јужна Америка ја победи Костарика со 2:1.

„ Панама, прославувај го историскиот ден. Го прогласувам 12 октомври за национален празничен ден. Благодарам на тимот, денеска вие испишавте историја. Утре ќе одмараат сите работници како во државниот така и во приватниот сектор. Нема да има ниту настава во приватните и државните училишта“ – објави претседателот.

Share.

Leave A Reply