НХЛ тимот на Вашингтон Кепиталс за првпат во својата историја го освои „Стенли Купот“, откако во петтиот натпревар од финалната серија во НХЛ лигата славеше со 4:3 над Лас Вегас Голден Најтс како гостин.
На овој начин Кепиталс победија во серијата со 4:1 во победи и за првпат во градот донесоа титула по 1991 година, кога за последен пат Вашингтон бил првак во некој од четирите големи спортови во Америка – американски фудбал, кошарка, бејзбол или хокеј на мраз.
Наградата за “Најкорисен играч” во финалната серија ја освои ѕвездата на шампионите, Александар Овечкин, кој исто така се запиша во листата на стрелци и на последниот дуел.