КК Работнички денеска ангажираше уште едно ново засилување во тимот за завршниот дел од сезоната. Со тоа тимот од Градскиот Парк ги потврди намерите за одбрана на титулата, но и за освојување на Купот.
Вчера Работнички потпиша договори со Американецот Ксавиер Џонсон (25 год, 201 см) и Србинот Стефан Младеновиќ (28 год, 188 см), за денеска од клубот да го објават и третото ново име, Дариус Вашингтон (33 год, 188 см), кој сезонава нема играно за ниту една екипа, а последен клуб за кој настапуваше во минатото првенство е грчкиот второлигаш Ираклис.