Васкез сака да го одработи договoрот со „кралевите“

0

Лукас Васкез кој главно ја „грее“ клупата на Реал Мадрид ја одби понудата да ја продолжи кариерата во Катар, објавија денеска весниците – „АС„ и „Марка“.

29-годишниот фудбалер иако доби примамлива финансиски понуда и беше советуван од неговиот агент внимателно да ја разгледа, сепак, одлучи да ја одбие и да остане на „Сантијаго Бернабе“. За Лукас се заинтересирани италијанскиот Интер и англискот Тотенхем.

Тој во претходната сезона во дресот на „белите“ одигра само 18 натпревари во Ла Лига, четири во Лигата на шампионите и еден во Купот на Шпанија.

Share.

Leave A Reply