Бранислав Ивановиќ официјално се врати во Премиер лигата откако потпиша едногодишен договор со повратникот во елитата, Вест Бромвич Албион.
36-годишниот Србин го напушти Челзи во февруари 2017 година и последните три и пол години ги мина во Русија со Зенит.
Ивановиќ станува шестото ново засилување за менаџерот Славен Билиќ ова лето по доаѓањето на Дианана, Матеус Переира, Седрик Кипар, Дејвид Батон и Калум Робинсон.