Македонската ракометна репрезентација во машка конкуренција вечерва (19 ч.) ќе ги дознае ривалите во следниот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2020. Ова е првото ЕП што ќе се игра со 24 репрезентации и тоа значително ќе го олесни патот до настап на првенството.
Македонија како предност ќе ја има и позицијата на носител во првиот шешир заедно со репрезентациите на Франција, Хрватска, Германија, Данска, Словенија, Белорусија и Унгарија.
На ЕП директно се пласирани Шпанија, која е европски шампион и трите домаќини, Шведска, Норвешка и Австрија. На денешната ждрепка ќе се формираат 8 групи со по 4 репрезентации. Најдобрите две репрезентации од секоја група обезбедуваат пласман на ЕП 2020.
- Шешир: Франција, Хрватска, Германија, Данска, Словенија, Белорусија, Унгарија и Македонија
- Шешир: Русија, Чешка, Полска, Исланд, Србија, Црна Гора, БиХ, Холандија и Португалија
- Шешир: Летонија, Литванија, Швајцарија, Словачка, Украина, Израел и Турција
- Шешир: Финска, Белгија, Естонија, Грција, Романија, Италија, Косово и Фарски Острови