Со натпреварот меѓу екипите на Работнички и Вардар вечерва ќе стартува 6. Коло од Првата МФЛ. Работнички е домаќин на средбата која ќе се одигра под рефлектори на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
Локалното дерби меѓу градските ривали секогаш предизвикува интерес, па останува да се види кој вечерва ќе им се израдува на бодовите. Во редовите и на двата тима има играчи кои го носеле дресот и на двата клуба, што ќе биде дополнителен мотив да се прикаже добар фудбал.
Главен судија на натпреварот ќе биде Марјан Маркоски од Охрид. Останатите средби од тековното коло се на програмата утре со почеток од 15:30 часот.