Вечерва МОК бира нов претседател, Даниел Димевски единствен кандидат

0

Даниел Димевски ќе биде единствениот кандидат за претседателското сточле во Македонскиот олимписки комитет на денешното Изборното Собрание.

Во текот на вчерашниот ден УО на МОК ја поништи кадидатурата на поранешната наша атлетичарка, а сега претседателка на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска – Зикова. УО на МОК на вчерашниот состанок донел одлука за поништување на кандидатурата, затоа што Војнеска – Зикова немала стаж од најмалку четири години како предводник на една спортска федерацијата. Претседателката на АФМ на оваа позиција е една година, но претходно беше и 4 години потпретседателка на истата федерација.

Изборното собрание на МОК треба да се одржи од 18 часот во хотелот „Александар Палас“, по што ќе дознаеме дали Даниел Димевски ќе го наследи Др.Васил Тупурковски на претседателската функција во МОК.

Share.

Leave A Reply