Вечерва се затвара групната фаза од Лигата на шампионите

0

Вечерва ќе бидат одиграни последните осум натпревари од групната фаза од Лигата на шампионите. Имињата на последните 4 екипи кои ќе играат во 1/8 финалето на ова натпреварување че ги дознаеме вечерва по 22.30 часот. Затоа денес можеме да очекуваме многу жестоки битки на терените во Европа.

Во групата „Е” ситуацијата е најсложена. Три од четирите екипи имаат шанси да бидат оласирани понатаму. Ливерпул и Спартак (Москва) се соочуваат еден против друг во директен дуел на „Енфилд”, кој ќе одлучи за нивната судбина. На Ливерпул му е потребен бод за да оди понатаму, а со победа тие ќе бидат сигурен победник во групата. Спартак нема друг избор освен да ги побара трите бода на овој натпревар. Во меѓувреме, во другата средба, Севиља гостува кај Марибор и има потреба од барем нерешен резултат за да се обезбеди пласман понатаму. Шпанците дури можат да си дозволат и да изгубат, само Спартак да не победи во Англија.

Во групата „Ф” веќе го знаеме името на тимот што ќе заврши на прво место, а тоа е Манчестер Сити. За втората позиција ќе се борат Наполи и Шахтјор (Донецк). Украинците имаат потреба од нерешен резултат на денешниот домашен меч и ќе одат во следната фаза. Ако тимот од Донецк загуби, тоа дава шанса на Наполи да го освои второто место, но за таа цел тие треба задолжително да го поразат Феенорд во Ротердам.

Во групата „Г” имаме сигурен победник во името на Бешикташ. За второто место се борат Порто и РБ Лајпциг, кои се со ист број на бодови во моментов – по 7 бода. Предноста сепак е на страната на Португалците, кои имаат добри индикатори во директните дуели, па ако тие победат дома против Монако, со сигурност ќе играат во 1/8-финалето.

Најмалку возбудувања има во групата „Х“, каде се јасни првите две екипи кои обезбедуваат пласман понатаму – Тотенхем и Реал Мадрид. Останува да се види кој ќе заврши на трето место и ќе продолжи во Лигата на Европа. Борусија (Дортмунд) и Апоел (Никозија) во моментов имаат по 2 поени, па исходот на денешните нивни натпревари ќе го утврди крајниот пласман на табелата.

Share.

Leave A Reply